CREATE ACCOUNT

FORGOT YOUR DETAILS?

 Во годината на јубилејот нашето внимание со искрена почит му го упатуваме на првиот директор на гимназијата Стојан Тодоровски, професор по математика. Прв директор,обврска и одговорност да се постават почетоците-темелите за градбата да трае. И така е, вистина е-Гимназијата успешно работи цели 50 години.

Директорот Стојан Тодоровски успешно раководи со училиштето за средно образование од 1960г. до 1988година. За време на неговата одговорна и сложена работа изврвеле бројни професори, се менувале, доаѓале, заминувале, а на сите добредојде на работното место им упатуваше Директорот.

Им беше поддршка да уживаат во резултатите од работата, но им укажуваше и на грешките. Низ годините нараководна должност се потврди и остана во сеќавање по својот високоетички, човечки однос и смисла за соработка со наставниците, а уште повеќе со учениците.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои се : Со указ на Претседателството на СФРЈ е одликуван со Орден за заслуги за народ со златен венец; Признание од ОСИС за образование и научни дејности по повод Денот на сесловенските просветители; Повелба во знак на признание за вонреден придонес во развојот на месните заедници; Повелба од Сојузот на друштвата на математичарите и физичарите на СФРЈ во знак на признание за долгогодишната соработка; Републички делегат на Општината од 1974 до1978 година.

     Со својата благородна ангажираност постави цврста подлога во наставната практика во изминатите децении, здобивајќи се со статус-углед на способен и почитуван директор. Од неговото повеќедецениско раководење убави средношколски сеќавања имаат и учениците. Неодминлива е вистината дека за да се стигне до денешниве јубилејни одбележувања на успесите, почетокот и првите децении со изграден образовен процес се врзуваат со името на Стојан Тодоровски.

Неговиот збор „Добро е, добро!“ допре до сите нас кои се занимаваме со оваа благородна дејност. Тој на свој начин го трасираше патот по кој треба да се движи и развива училиштето, т.е.патот на успехот за да денес сме радосни на постоењето. Директорот успеа да даде благороден прилог во основањето,почетокот и развојот на училиштето. Остана пример за раководење и дека добриот збор широки врати отвара, а ние вработените топло и искрено му благодариме посакувајќи му добро здравје и долги години живот.

     Генерациите што изврвеа низ оваа институција со право го нарекуваат стожерна величина на оваа институција на чие чело стоеше долги години.

Остана достоен за убави сеќавања.

И најдолгиот пат започнува со првиот чекор

извадок од монографијата на СОУ “Ѓорче Петров”

TOP