CREATE ACCOUNT

FORGOT YOUR DETAILS?

На ден 08.11.2023 година (среда) учениците од гимназиските паралелки од втора година го посетија Собранието на РСМ. Имаа можност да се запознаат со функцијата на законодавниот дом на нашата држава, а имаа и увид и во просториите за одржување на седници и работа на пратениците. Учениците беа во придружба на предметниот наставник Татјана Филиповска.

На 02.11.2023г. во организација на ОСУС КРИВА ПАЛАНКА во сала “Бранители” се одигра меѓуопштински натпревар во Футсал за машки -средни училишта. Учествуваа екипите на СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Митко Пенџуклиски” од Кратово. Победник е екипата на нашето училиште! Честитки! Ви посакуваме успех во понатамошните натпревари.

Кратовска комиријада

понеделник, 30 октомври 2023 by

На ден 28.10.2023 г. (сабота) учениците од угостителско-туристичката струка под менторство на професорите Дане Петровски, Стефан Станоевски и Татјана Анѓеловска учествуваа на манифестацијата Кратовска компиријада која традиционално се одржа по седми пат на Градскиот плоштад во Кратово. На истата учествуваа 136 учесници кои ги презентираа своите специјалитети од компир.

Саем на книга – Белград 2023

понеделник, 30 октомври 2023 by

Традиционално последната недела од октомври се одржува Саем на книга во Белград. За првпат наши ученици имаа можност да го посетат овој настан и да се запознаат со најновите наслови на домашната и странска книжевност.

На конкурсот објавен од страна на Коалиција на граѓански организации – форум на малубројни заедници во Република Македонија, зема учество нашата ученичка Сара Ристовска, менторирана од страна на проф. Елена Јакимовска. .Учениците пишуваа есеи на тема: ,,Мојот сограѓанин од соседната улица”. Есеите на учениците се публикувани, а на 18.10.2023г. беа поканети на свечено доделување на

На ден 10.10.2023г. се одржа училиштен натпревар по Македонски јазик и литература. На натпреварот учествуваа 5 ученика од втора година:1. Никола Митовски од II-1 клас2. Ангела Илиевска од II-1 клас3. Димитар Стојановски од II-1 клас4. Дона Ангеловска од II-3 клас и5. Симона Стојановска од II-3 клас Ученичката Ангела Илиевска го освои првото место, додека ученикот

Шопска софра

вторник, 10 октомври 2023 by

На ден 09.10.2023 г. се одржа манифестацијата Шопска софра во организација на општина Крива Паланка. На истата земаа учество учениците од угостителско-туристичката струка со традиционални и интернационални јадења. Тие се погрижија нашата трпеза да изгледа фантастично – совршен спој на вкусови! Тоа го потврдија и присутните. Нашето училиште беше претставено во најдобро светло. Голема благодарност

На ден 04.10 2023г. учениците од прва година заедно со одговорните професори Гордан Стојановски и Ленче Велиновска ги посетија Планетариумот при МКЦ и Природно-научниот музеј на град Скопје. Преку овие посети беа реализирани воспитно- образовните цели и задачи кои беа планирани со програмата за изведување на оваа еднодневна екскурзија.

Во рамки на кампањата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“ на ден 29.09.2023г. министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Сашко Митовски го посетија нашето училиште како дел од превентивните активности на МВР за спречување на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите. Притоа, на учениците им беа поделени едукативно-информативни летоци за

Во период од 24-27.09.2023г. во Струга нашето училиште беше дел од тренингот во рамки на проектот EmpoweredEd предводен од LEAD- Leaders for Education, Activism and Development. 16 ученици и 8 наставници од 8 различни училишта го започнаа процесот на развивање на сопствен ко-менаџмент модел за заедничко одлучување. Наши претставници беа проф. Катерина М. Наковска и

Нашите претставнички од женскиот кошаркарски тим кои беа најдобри на државните натпревари и го освоија одличното трето место, во придружба на директорката Елена Ѓорѓиевска и проф. Ведран Белешковски беа на свечено доделување на признанија во Агенцијата за млади и спорт. Истите им беа врачени од страна на Наумче Мојсовски, директор на АМС. Иако нивните очекувања

Во рамки на Државниот натпревар по македонски јазик и литература се одржа и Натпревар за најдобар есеј. Учениците имаа можност да ги испратат своите есеи до 14.06.2023г. до Сојузот на ДМЈЛ. Учениците пишуваа на следнава тема: Интимното и универзалното во поезијата на Ацо Шопов Резултати: 1. Билјана Дуева, СОУ „Богданци“, Богданци, II (втора) година, ментор: Верица Ризовска2. Андреј

TOP