Во гимназиско образование се застапени следните подрачја: Општествено-хуманистичко подрачје комбинација А, Јазично-уметничко подрачје комбинација А, Природно-математичко подрачје комбинација А и Природно-математичко подрачје комбинација Б.
Наставните програми во гимназиското образование
овозможуваат:
- Постигнување
на општообразовен стандард на знаења
кој ќе им овозможи на учениците проодност во сите подрачја во системот на
образование
- Промовирање на индивидуалниот развој и личноста на
ученикот;
- Градење креативни и морални личности кои ќе се
интегрираат во современото општество, оспособени за живот и работа во
мултиетнички и мултикултурни средини;
- Поттикнуваат
индивидуалност и креативност, дисциплина и култура, повисоки интелектуални
способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици. Корените на
образованието се горки, но плодовите се слатки, затоа секојдневно инвестираме
во градење на нашата иднина. Човековото воспитание е огледало во кое се
прикажува личниот портрет.
- Наша
мисија е да ја препознаеме индивидуалноста која мора да биде во корелација со
тимската работа, која поттикнува креативност и создава квалитет.
Комбинацијата
Б на изборни предмети им овозможува
на завршените матуранти полесно да се запишат и успешно да ги завршат студиите
на:
- медицински,
- земјоделски,
- ветеринарен,
- технолошки и
- природно-математички факултет (хемија, биологија, физика
и географија).