CREATE ACCOUNT

FORGOT YOUR DETAILS?

МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Едукацијата не е подготовка за живот – едукацијата е самиот живот.

Ние сме училиште со традиција, отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици. Корените на образованието се горки, но плодовите се слатки. затоа секојдневно инвестираме во градење на нашата иднина. Човековото воспитание е огледало во кое се прикажува личниот портрет.

Наша мисија е да ја препознаеме индивидуалноста која мора да биде во корелација со тимската работа која поттикнува креативност и создава квалитет.

ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Развиј ја страста за учење.Доколку успееш во тоа, никогаш нема да престанеш да растеш!

Средното општинско училиште  Ѓорче Петров преставува силен импулс во развојот на образовната дејност, а со тоа и практично се потврдува определбата за интелктуалното инвестирање во образованието и за создавање на високо професионален кадар кој е императив и основен предуслов за развој и напредок на секое општество. Образованието е златен клуч на слободата.

Наша цел е да помогнеме во градење на образована личност која научила како да учи и како да се менува. Затоа што животот мора да биде постојано воспитување.

Да ги искористиме зборовите на Еразмо Ротердамски: “Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерно школување на младите”.

Инвестирањето во знаење исплаќа најдобра и најголема камата.

Затоа ние како институција ќе продолжиме да работиме во полза на идните генерации, а вреемто е онаа мудра категорија која ги потврдува вистинските творци.

Животот мора да биде постојано воспитување!

Мото на училиштето:

Да бидеме цртачи на денот за да бидеме дизајнери на животот.

TOP