HOW TO SHOP

1 Login or create new account.
2 Review your order.
3 Payment & FREE shipment

If you still have problems, please let us know, by sending an email to support@website.com . Thank you!

SHOWROOM HOURS

Mon-Fri 9:00AM - 6:00AM
Sat - 9:00AM-5:00PM
Sundays by appointment only!

За да обезбеди континуирана и ефективна  работа  на училиштето и за да се вклопи со потребите на општеството Гимназијата “Ѓорче Петров“   своите цели во работата ги дефинира и остварува со Програмата за работа од чии страници се гледа дека тие се утврдени со Законот за средно образование  и Статутот на Гимназијата.

Ги почитуваме одредбите на Програмата, но секогаш сме подготвени да се соочиме со предизвиците и да ги прифатиме новите идеи и новини во работата. За да се остварат зацртаните планови со Програмата,  во училиштето постои училишна клима, услови за работа, т.е.меѓусебните односи сè на релација почит –разбирање&толеранција, но пред сè, одговорност во реализацијата на образовниот процес. Се разбира неодложна задача е осовременувањето на образовниот процес со примена на нови методи и информатичка технологија.

 Активности:

  • Соработка со други училишта од земјава и надвор од неа;
  • Одржување отворени часови за посета од колегите;
  • Соработка со ученичката заедница;
  • Соработка со други училишта од земјава и надвор од неа;
  • Организација и учество на натпревари: училишни, регионални и државни;
  • Одржување средби на Стручните активи;
  • Одржување отворени часови за посета од колегите;
  • Соработка меѓу стручните активи;
  • Соработка со Советот на родители;
  • Соработка со ученичката заедница;
  • Координација меѓу Наставничкиот кадар;
  • Соработка со Градоначалникот и Локалната самоуправа;
  • Организирање екскурзии на учениците;
  • Посета на саеми:Саем на книга и Планетариум.
  • Перманентно стручно усовршување на наставниот кадар;
  • Средби со родителите за да се зголеми нивната информираност за успесите и работата и нивното учество за донесување одлуки за работата на училиштето.

 СОУ Ѓорче Петров е модерно училиште  во кое наставата се изведува во кабинети опремени со компјутери и други нагледни средства и на учениците им нуди РЕФОРМИРАНО ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ во чии рамки е предвидено полагање на УЧИЛИШНА и ДРЖАВНА МАТУРА. Во рамките на стручното образование нуди РЕФОРМИРАНИ ПРОГРАМИ во четиригодишното образование и програми за тригодишно образование.

Годинава училиштето во своите прегратки прими 992 ученика распоредени во 39 паралелки. Образовниот процес нуди можности за секој што сака да учи, твори и напредува. Наставната програма ја реализираат 72 професори кои со многу љубов и преданост учествуваат во формирањето на младите личности.

Покрај задожителните предмети учениците имаат можност да изберат предмети и проектни активности кои во целина ќе ги задоволат нивните потреби и љубопитност.

Годинава во чест на Јубилејот свеченото прославување  започна со настанот под мотото  ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕЛИГДЕН.За таа цел годинава за првпат решивме да излеземе од  училиштето и нашата радост да ја споделиме со граѓаните од нашиот град.Свеченоста ја започнаа  училишниот хор и оркестаркои настапија со свои музички нумери под диригентство на професорката Елизабета Ташковска и професорот Александар Тренчевски пред Центарот за култура.

Нашите креативни ученици имаа дизајнирано прекрасни уметнички креации.Беше поставена Велигденска трпеза со голема погача и прекрасно бојадисани велигденски јајца. Во прилог ви приложуваме фотографии од преубавата креација на Христовото воскреснување преку вештите раце на професорката по ликовна уметност Пепица Јаначковска и нејзините ученици,членовите на ликовната секција.

Во состав на јубилејната прослава на I април учениците премиерно ја изведоа театарската претстава “Како да се остане нормален“, режирана од професорката Катерина Митовска&Наковска На 14.05.2010година се одржа спортски ден во чест на Патронот на училиштето,каде учениците можеа да се реализираат себеси низ повеќе спортски дисциплини.Мотото на спортскиот ден беше Во здраво тело –здрав дух, каде што младоста ,ентузијазмот и подготвеноста на учениците   раководени од нивните професори дојдоа до израз.А  дека е така докажаа резултатите на Општинскиот крос кој беше организиран на 30.04.2010 година.Победник на училишниот крос беше Вангел Трајковски од II&4 клас.

Во програмата за одбележување на Јубилејот се вклопи и настапот на учениците на плоштадот кои  цртаа графити и ликовни творби раководени  од наставниците по ликовна уметност: Роберт Цветковски и Пепица Јаначковска.

TOP