HOW TO SHOP

1 Login or create new account.
2 Review your order.
3 Payment & FREE shipment

If you still have problems, please let us know, by sending an email to support@website.com . Thank you!

SHOWROOM HOURS

Mon-Fri 9:00AM - 6:00AM
Sat - 9:00AM-5:00PM
Sundays by appointment only!

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика со 4-годишно траење

Успешно завршените програми од овој стручен профил  овозможуваат успешно вклопување на пазарот на трудот, оспособувајќи го кандидатот да може да:

  • Монтира, инсталира, одржува, сервисира електонски уреди кои го сочинуваат компјутерот како целина, вклучително и периферните уреди кои се составен дел од компјутерскиот систем.
  • Креира извештаи за извршени работни задачи и собира неопходни влезни и излезни податоци за изготвување и надградба на техничка документација.
  • Обезбедува алат, опрема и потребни ресурси за работа, работи согласно техничка документација, врши подесувањеи и ја следи правилната работа на опремата, проверува функционалност на компјутерската опрема, анализира видови дефекти, отклонува дефекти, води евиденција и следи податоци за состојбата на компјутерската опрема, планира термини за контрола и сервисирање на компјутерската опрема, планира и порачува резервни делови, прави редовна проверка на системот за непрекинато напојување и следи развој на информатички технологии.
  • Инсталира и одржува автоматски и контролни уреди и системи. Обезбедува алат, опрема и останати потребни ресурси за работа. Користи мерни инструменти и алатки (хардверски и софтверски) за утврдување на исправноста на опремата за автоматизација, сигнализација, заштита и контрола.
  • Дијагностицира, лоцира и отстранува пречки и дефекти воавтоматизирани и контролни системи.
  • Подготвува извештаи за тековните активности иприбира податоци за подготовка на техничка документација. Применува мерки за заштита и безбедност при работа и ја почитува заштитата на животната средина.

TOP