еТвининг проект: 2eco&health
Учениците од трета година имаа можност да соработуваат со училишта од Хрватска, Шпанија, Романија, Литванија,Италија,Грција.
Работеа на проект за екологија, економија и здравје. Учеа за дезинформации и за нивната важност во оваа област. Работеа во интернационални тимови и изработија дигитални творби.
https://en.calameo.com/read/004770560fb03f44b4aa4?fbclid=IwAR0CDm3VyD-58E6IvrA1qgmQTPYvmZHdhEUDb5TislEqTEnd-3W7DFYcyPQ – дигитален глосар
https://padlet.com/krasimirovdimitar/Disenformation?fbclid=IwAR2uEtDLNIJd93M0aCK9zUOfzdV7fXd7rMy2pcpxONTVZtTyLigRss6M7G4
- Published in Е-твининг
Повик за учество на ученици во Еразмус + проект – мобилност во Белгија
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, клучна акција КА229 – Соработка за иновација и размена на добри практики, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19 High School Elin Pelin- Бугарија (партнер), работи на проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе одат на мобилност во Белгија од 8 до 13 мај 2022 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
Пополнете електронска пријава
(линк до пријавата: https://forms.gle/dhzVdhZuBDvCpAro9 )
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите скенирани:
- CV
- мотивациско писмо
- препорака од класен раководител/предметен професор
- сертификат за вакцинација од Ковид 19 на следната емаил адреса: proekti.gp@gmail.com
Критериум за избор:
· Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
· Ученикот треба да може да патува во странство
· Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител/предметен професор
· Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
· Ученикот да поседува валиден сертификат/потврда за вакцинација од Ковид 19
По првата направена селекција согласно критриумите доколку има поголем број заинтересирани кандидати ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 24.03.2022 година до 28.03.2022 година.
еТвининг работилница – медиумска писменост
- Published in Е-твининг
Инфо сесија – еТвининг
Проектни активности во рамки на Еразмус+ проектот Yes Europe III
Повик за учество во проект
Одбележување на Еразмус денови
Global Tour Bus
еТвининг – Climate warriors
еТвининг проект – eTwinningreen4u
Учениците од втора година имаа можност да работата на проектот etwinningreen4you со врсници од Шпанија, Турција, Хрватска, Литванија, Италија и Португалија.Кризата којашто ја наметнуваат климатските промени како резултат на брзиот развој и технологијата е појдовна основа за нашето истражување.
Учениците го проверуваа квалитетот на воздухот што го дишеме, пресметуваа јаглероден отпечаток, разгледуваа можности за негово намалување, истражуваа како климата влијае врз економијата. Заеднички го славевме денот на планетата Земја. Креиравме интерктивни игри и презентации.
Дел од нашите изработки можете да видите подолу или на нашиот проектен блог:https://etwiningreen4.weebly.com
- https://padlet.com/etwinning_CIPFPAusiasMarch/9r5tvpbnukptwf4n- климатските промени и економијата
- https://englishcom.home.blog/2021/06/19/etwinningreen4u/ – нашиот јаглероден отпечаток
- https://view.genial.ly/607941949f36100d3e0bce39/presentation-poem-to-earth-day-2021 – заедничка презентација
- https://youtu.be/Av48ngJ0vEE – Како да ја заштитиме планетата?
- https://youtu.be/d8QPssCyQBk – предлог активности