Промоција на Меѓународниот Балкански универзитет во нашето училиште
На ден 28.02.2024г. наши гости беа проф. др. Џемил Бектовиќ и неговата асистентка Назли Џан од Меѓународниот балкански универзитет, Скопје и ги промовираа програмите што ги нуди универзитетот. На учениците им беше презентирана можноста да се стекнат со меѓународни искуства и подобри академски достигнувања во склоп на програмите што ги нудат како и со начините за стипендирање.
- Published in Останато
Училишен натпревар по англиски јазик
На ден 20.02.2024г. се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од прва и втора година. По двајца ученици од секоја година ќе учествуваат на општинскиот натпревар во Куманово.
Најуспешни беа следиве ученици:
Прва година
1. Никола Алексовски, I-2 паралелка
2. Петар Цветковски, I-2 паралелка
ментор: проф. Мирјана Станојковска
Втора година
1. Мелани Јовчева, II-5 паралелка
2. Сандра Колевска, II-1 паралелка
ментор: проф: Билјана М. Михајловска
- Published in Останато
Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г. По тој повод Училишната заедница и Новинарскиот клуб Тинтим при СОУ „Ѓорче Петров“ ја објавија дигиталната збирка од најубавите творби поезија и проза на тема: Животот е љубов, а љубовта е сè.
Можете да ја разгледате збирката на следниот линк: https://www.calameo.com/books/0071209019c7bfad38fe3
- Published in Останато
5 за (5)
Новинарскиот клуб Тинтим при СОУ„Ѓорче Петров“ ја објави првата епизода од серијалот 5 прашања за петка.
Гости во овој серијал ќе бидат истакнати кривопаланчани кои се инспирација за младите.
- Published in Останато
Општински натпревар по хемија
На ден 23.02.2024г. се одржа онлајн општински натпревар по хемија со присуство на делегат од ПМФ. На натпреварот учествуваа 13 ученици
( 6 од прва, 2 од втора и 5 ученика од трета година), а од нив 9 се пласираа на регионален натпревар.
Учениците ги менторираа професорките по хемија: Валентина Цветановска и Жаклина Димитровска и ги постигнаа следниве резултати:
Ученици од прва година:
1. Катерина Алексовска ,3-та награда ,диплома
2. Михаела Георгиевска,успешно учество ,пофалница
3.Невена Стефановска,успешно учество ,пофалница
4.Меланија Тасковска ,успешно учество ,пофалница
5.Кристијан Ценевски ,учество ,сертификат
6. Нина Милковска ,учество ,сертификат
Ученици од втора година:
1.Вања Костовска ,2-ра награда ,диплома
2. Димитар Стојановски ,2-ра награда диплома
Ученици од трета година:
1. Ева Симонова ,успешно учество ,пофалница
2.Нина Димитровска ,успешно учество ,пофалница
3. Ведран Велиновски ,успешно учество ,пофалница
4. Дамјан Стоилковски ,учество сертификат
5. Мила Пешовска ,учество ,сертификат
- Published in Останато
Развивање на иницијативата – Младински клубови за учество
Во период од 12-14.02.2024г. на тридевната обука во Крушево, тимот на СОУ „Ѓорче Петров“ работеше на јакнење на средношколските клубови заедно со другите средни училишта за развој на иницијативите кои се насочени кон актуелизирање на прашања и надминување на предизвици поврзани со теми кои се контроверзни во нашето општество.
Во периодот кој следува ќе ја реализираме својата иницијатива, следејќи го креираниот акциски план.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Младински клубови за учество“, со финансиска поддршка од Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport
- Published in Останато
,,Младински клубови за учество”
Нашето училиште е дел од проектот Младински клубови за учество кој опфаќа 5 средни училишта, секое претставувано од 3 средношколски клубови кои ќе развијат и спроведат своја иницијатива во областа на контроверзни теми.
Овој проект има за цел да придонесе кон зголемување на степенот на младинско учество преку зајакнување на капацитетите на 15 средношколски клубови и доближување на контроверзните теми до младите.
Нашата иницијатива се вика: Ментални оклопи
Контроверзната тема за која ќе зборуваме е преголемата застапеност на малолетничката бременост и грижата за репродуктивното здравје.
Тимот го сочинуваат ученичките: Михаела Јанковска, Мила Марковска и Ана Велковска под менторство на проф. Ивана Станковска
- Published in Останато
Дисеминација на обука за модерни педагошки пристапи
На 07.02.2024г. во просториите на училиштето професорките Катерина М. Наковска и Ивана Станковска реализираа дисеминација на обука за модерни педагошки пристапи. Во оваа дисеминација беа опфатени неколку теми: наставни пристапи; современи наспроти традиционални пристапи; стратегии за оценување; кариерен развој и сл. Дисеминацијата ја проследија 25 наставника од училиштето. Провајдер на оваа обука е We Global во соработка со МОН.
- Published in Останато
Општински натпревар по математика
На општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 2.2.2024г. под менторство на професорките: Зорица Ристовска, Габриела Стаменковска и Сашка Младеновска година, учествуваа следниве ученици:
Сите ученици се пласираа на регионалниот натпревар.
Им посакуваме успех и во следните фази од натпреварот!
- Published in Математика, Останато
Програмa за екскурзиja за трета година
СОУ „Ѓорче Петров“ ja објавува програмата за ученичка екскурзија за учениците од трета година. Ќе се реализира повеќедневна екскурзија заради посета и запознавање на природни, културно-историски, научно-технолошки и други значајни атрактивни места. Екскурзијата на учениците ќе им понуди рекреација, едукација, запознавање со културното, историското и религиозно минато на посетените локалитети.
Програмата и потребната документација можете да ги разгледате на следниов линк:
https://drive.google.com/drive/folders/1YOhhh5RqJojlkULS0-J5VAOXax0WIxMd?usp=drive_link
- Published in Останато