Посета на ВД амбасадорот на САД Џенифер Р. Литлџон
На наше огромно задоволство на ден 28.02.2020 година, училиштето го посети ВД амбасадрот на САД Џенифер Р. Литлџон. Во рамки на посетата беа реализирани повеќе активности:
- Обраќање на ВД амбасадорот на ученици од училиштето
- Презентација на учениците за можностите за школување во САД
- Претставување на програмата на Американските катчиња (POP UP American Corners)
- Посета на библиотека, спортска сала и кабинети
- Обраќање на ВД амбасадорот, Директорката на училиштето, Градоначалникот на Општината и Аташето за култура при Амбасадата на САД на наставниот кадар
- Претставување на угостителско – турситичката струка
Посетата имаше за цел да се воспостави соработка помеѓу училиштето и Амбасадата, да се претстават можностите за школување во САД на учениците и да се отвори Американско катче во гимназијата. Учениците и наставниот кадар со задоволство ги проследија презентациите и изразија огромно задоволство за можноста за соработка.
Во своето обраќање ВД амбасадорот нагласи дека мисијата за посета на средни училишта ја започнува од нашето училиште и дека впечатоците од посетата се навистина импресивни. Воодушевена од училишната клима, условите за работа и од мотивираните ученици полни со ентузујазам и со одлично владеење на англискиот јазик, амбасадорката истакна дека сме поставиле високи стандарди во образованието во земјава и пошироко.